НОВИОТ ФИЛМ ЗА СУПЕРМЕН ДОАЃА ВО 2025, ЌЕ ГО РЕЖИРА ЏЕЈМС ГАН

Лос Анџелес, (АП)

Џејмс Ган ќе го режира следниот филм за Супермен, чие излегување е најавено за јули 2025. Насловен „Superman: Legacy“, филмот ќе се занимава со патувањето на Супермен да ги разбере неговото аристократско криптонско наследство и созревањето како Кларк Кент во мал американски град, најави Ган.

Студиото „Ди-Си“ сè уште не го избрало следниот актер кој ќе го игра Супермен бидејќи Хенри Кавил доби отказ во декември, само два месеца откако беше најавено неговото враќање.

Кавил го играше Супермен во три филма, но откако Ган и Питер Сафран го презедоа „Ди-Си“, стана јасно дека тие ќе се фокусираат на помладата верзија на суперхеројот.