Продолжението на трилогијата „Матрикс“ доаѓа една година порано од првичните најави.
Засега едноставно насловен „The Matrix 4“, „Ворнер брос“ објави дека неговата премиера е закажана за 21 мај 2021.
Режисерка ќе биде Лана Вашовски, еден од коавторите на оригиналната трилогија, а во своите улоги се враќаат Кијану Ривс, Кери-Ен Мос и Џејда Пинкет Смит. Дел од новиот кастинг се Нил Патрик Харис, Јахја Абдул-Матин и Џонатан Гроф.
„Матрикс“ (1999) важи за еден од револуционерните научно-фантастични филмови, кој беше награден и со четири оскари, а во 2003 година следеа уште два дела.