Излезе првиот трејлер за долгоочекуваниот филм за Супермен во режија на Џејмс Ган. Во овој филм Дејвид Коренсвет дебитира како Супермен/Кларк Кент, а Рејчел Броснахан како Лоис Лејн. Николас Хоулт го глуми главниот непријател на Супермен, Лекс Лутор.
Во трејлерот се појавува и суперкучето на Супермен, Крипто.
Најавено е дека „Супермен“ ќе има премиера на 10 јули во Австралија, односно на 11 јули во Велика Британија и САД.
„Супермен“ се означува како пресвртница за филмскиот универзум на „Ди-Си“, каде што Ган стана извршен директор во 2022. Ова е првиот филм од најавениот серијал „Поглавје 1: Богови и чудовишта“, кој треба да вклучи и филмови за Супергрл, Клејфејс и Мочуришно Суштество.