ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР ЗА ФИЛМСКАТА АДАПТАЦИЈА НА ВИДЕОИГРАТА „МАЈНКРАФТ“

Лос Анџелес, (Вараети)

Сè што сонувате овде, можете да го направите“, вели Џек Блек во првиот трејлер за филмот „Мајнкрафт“, кој доаѓа во кината во април 2025. Трејлерот открива дека голем дел од филмот ќе биде анимиран.

Режиран од Џаред Хес, во филмската адаптација на популарната видеоигра, која има 140 милиони корисници месечно, глумат и Џејсон Момоа, Џенифер Кулиџ, Ема Маерс и Даниеле Брукс.

Играта која се појави во 2011 им овозможува на играчите да создаваат 3-Д светови со помош на шарени блокови. Шведската компанија која ја разви играта „Мојанг студиос“ беше купена од „Мајкрософт“ во 2014.