„Дизни“ го објави првиот трејлер за новиот анимиран филм „Муфаса: Кралот лав“, приквел на филмот од 2019.
Новиот филм го режираше оскаровецот Бери Џенкинс и ги следи растењето и подемот на Муфаса, таткото на Симба, како и неговата потрага по судбината и односот со братот Така, кој со тек на годините му стана непријател.
Гласот на Муфаса го позајмува Арон Пјер, а во екипата се и Сет Роген, Били Ајхнер, Мадс Микелсен, Доналд Гловер, Кит Дејвид, Бијонсе и нејзината ќерка Блу Ајви Картер.
„Муфаса“ доаѓа во кината на 20 декември.