ОБЈАВЕНИ ПРВИТЕ СНИМКИ ОД ИГРАНАТА ВЕРЗИЈА НА „КРАЛОТ ЛАВ“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

„Дизни“ го објави првиот трејлер за својата играна верзија на анимираната класика „Кралот лав“, што треба да излезе наредното лето.

Трејлерот, пуштен за време на традиционалниот НФЛ натпревар за Денот на благодарноста, ги содржи познатите почетни моменти од приказната од оригиналниот филм од 1994 година, со нарација на 87-годишниот Џејмс Ерл Џонс, кој, на радост на фановите, ќе ја репризира улогата на кралот Муфаса.

Режисерот Џон Фавро, кој го направи и римејкот на „Книга од џунглата“, им ги додели главните улоги на Доналд Гловер (Симба), Бијонсе (Нала) и на Чиветел Еџиофор (Скар), а Тимон и Пумба се Били Ајхнер и Сет Роген.

Премиерата на филмот е закажана за јули 2019 година.