Утре (17 јуни) во 19 часот, во скопското кино Синеплекс ќе се отвори Фестивалот на француски филм, кој се организира после девет години. Ќе трае до 20 јуни, а ќе се прикажат четири филма.
Гости на фестивалот се режисерите Жилиен Колона, Тјери де Перети и Фредерик Фаручи и актерите Алекси Мананти и Андреа Коси. Тие ќе разговараат со македонската публика по проекциите.
Отворањето е со филмот „Кралство“ на Колонаи (фото), на 18 јуни е „Фотографка“ на Де Перети, а следниот ден е „Мохиканец“ на Фаручи. Затворањето е на 20 јуни од 20:30 часот на Летната сцена во Кинотеката со филмот „Грабнување“ на Ирис Калтенбек.