ОБОЖАВАТЕЛИТЕ НА КНИГАТА РЕАГИРААТ ДЕКА ВЕНЧАНИЦАТА НА МАРГО РОБИ ВО НОВИОТ ФИЛМ „ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ“ Е ПРЕМОДЕРНА

Лос Анџелес, (Вог)

Австралиската актерка Марго Роби носи венчаница на фотографиите кои се објавени од снимањето на филмот „Оркански височини“, книжевниот класик на Емили Бронте, кој го режира оскаровката Емералд Фенел. Австралиските актери Роби и Џејкоб Елорди ги добија главните улоги во новата филмска адаптација на „Оркански височини“.

Роби (34) ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди (27) e Хитфлиф. Романот „Оркански височини“ е објавен во 1847 и ги следи семејствата Ерншо и Линтон и нивниот турбулентен однос со Хитклиф, посвоениот син на фамилијата Ерншо.

 

Фото: Сплеш њуз

На социјалните мрежи има многу реакции за венчаницатa од читателите и обожавателите на Бронте, при што се коментира дека повеќе наликува на модел од 1980-тите, отколку на креација од 19. век. Фустанот е со голи раменици, пуфкасти ракави и волуменозно балско здолниште. Роби носи и превез, дијамантска дијадема и бидермаер. Според критиките, венчаниците какви што ги знаеме денес не постоеле сè додека кралицата Викторија не ги популаризирала сега веќе традиционалните бели фустани на венчавката со принцот Алберт во 1840 година.

Бидејќи приказната на Емили Бронте се одвива околу 40 години пред свадбата на кралицата Викторија, белата венчаница би била далеку од нормата, исто како и волуменот на моделот. Реакции има и дека на фустанот има светки, што не се користеле пред 1930-тите.

(Фото: Сплеш њуз)