ОСКАРИ 2025 – ИЗАБЕЛА РОСЕЛИНИ НОМИНИРАНА ЗА ОСУММИНУТНА УЛОГА, РЕЖИСЕРОТ НА „АНОРА“ МОЖЕ ДА ОСВОИ ЧЕТИРИ ОСКАРИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Се ближи финалето на сезоната на филмски награди, бидејќи рано наутро на 3 март по македонско време ќе се доделат Оскари по 97. пат. Ова е една од понеизвесните трки во последно време зашто главни фаворити се издвојуваат само во неколку категории. „Емилија Перез“ (фото) води со 13 номинации.

  • Првпат од 1969, два мјузикла се номинирани за најдобар филм, „Злобница“ и „Емилија Перез“. Последниот мјузикл кој бил прогласен за најдобар филм беше „Чикаго“ во 2003.
  • Ејдриен Броди се закити со Оскар во 2003 и сега е голем фаворит повторно да триумфира со „Бруталист“. Ако успее, тој ќе стане само осми актер кој максимално ги искористил своите номинации, по Вивиен Ли, Хилари Свонк, Кевин Спејси, Луиз Рајнер, Кристоф Валц, Хелен Хејс и Махершала Али.
  • „Супстанција“ е само седми хорор кој бил номиниран за најдобар филм, по „Егзорцист“, „Бегај!“, „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Ајкула“, „Шесто сетило“ и „Црн лебед“.
Деми Мур во „Супстанција“ (Фото: АП)
  • Изабела Роселини е номинирана за најдобра споредна женска улога за осумминутното појавување во „Конклава“. Беатрис Стрејт славеше во истата категорија со „Мрежа“, во кој глумеше само пет минути и две секунди.
  • Петте кандидатки за најдобра актерка доаѓаат од филмови кои се номинирани за најдобар филм. Тоа последен пат се случи во 1977.
  • Себастијан Стан, младиот Доналд Трамп во „Приправник“, е осми актер номиниран за Оскар за улогата на американски претседател. Никој досега не победил.
Себастијан Стан како младиот Доналд Трамп во „Приправник“ (Фото: Гети)
  • Композиторката Дајен Ворен е номинирана за Оскар по 16. пат и се уште го чека првото славје.
  • Две актерки тргнаа по стапките на своите мајки. Фернанда Торес е номинирана за најдобра актерка 26 години по мајка ѝ Фернанда Монтенегро, додека Изабела Роселини е ќерка на Ингрид Бергман, која е двократна оскаровка.
  • Режисерот на „Анора“ Шон Бејкер би можел да стане првата личност која освоила четири оскара за еден филм. Волт Дизни освои четири оскари во 1953, но за четири различни филма.
  • Ѕвездата на „Емилија Перез“ Карла Софија Гаскон е првата трансродова личност која била номинирана за Оскар во која било актерска категорија.

(Фото: АП)