ОСУММИНУТНИ ОВАЦИИ ЗА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА ФИЛМОТ ЗА МАРИЈА КАЛАС ВО ВЕНЕЦИЈА

Венеција, (АП)

Анџелина Џоли се расплака откако доби осумминутни стоечки овации по светската премиера на „Марија“ на Венецискиот филмски фестивал, во кој ја глуми грчката оперска дива Марија Калас. Холивудските медиуми велат дека оваа улога би можела да ѝ ја донесе првата номинација за Оскар од 2009.

Чувствував голема привилегија што имав можност да ја запознаам оваа жена и да бидам во нејзината кожа барем на момент“, изјави Џоли, која на црвениот тепих носеше фустан во боја на шампањ, дизајниран од Тамара Ралф.

Џоли со режисерот Пабло Лараин (Фото: АП)

Филмот се фокусира на последната недела од животот на Калас во Париз во 1977, кога живее во длабока изолација. Ова е трет филм на Пабло Лараин за славни жени со трагична животна судбина, по „Џеки“ за Џеки Кенеди и „Спенсер“ за принцезата Дијана. Во двата случаја, главните актерки (Натали Портман и Кристен Стјуарт) беа номинирани за Оскар.

Џоли носеше фустан во боја на шампањ, дизајниран од Тамара Ралф .(Фото: АП)

Џоли тренирала седум месеци за улогата и пеењето во филмот е спој на актерот и вистинското.

Ова е најтешката работа што сум ја направила досега, бев преплашена“, призна Џоли.

(Фото: АП)