ПАТИНСОН ПРОДОЛЖИ СО СНИМАЊЕТО НА „БЕТМЕН“ ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС

Лондон, (АП)

Роберт Патинсон доби дозвола повторно да го облече костимот на Темниот витез и да продолжи со снимањето на „Бетмен“ откако имаше позитивен тест за коронавирус.

„Ворнер брос“ никогаш не го потврди идентитетот на заразениот член на екипата, но сите холивудски медиуми објавија дека станува збор токму за главниот актер.

Снимањето во студио во околината на Лондон беше прекинато на 3 септември, само три дена откако продолжи по шестмесечната пауза поради пандемијата на коронавирусот. Дел од екипата во меѓувреме бил во самоизолација.

Поради сите одложувања, премиерата на филмот беше поместена од јуни 2021 на октомври 2022 година.