ПО 33 ГОДИНИ „ВАЛКАН ТАНЦ“ ЌЕ ДОБИЕ ПРОДОЛЖЕНИЕ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Џенифер Греј, актерката која му беше партнерка на Патрик Свејзи во романтичната драма „Валкан танц“ ќе глуми и во продолжението на филмот од 1987, објави директорот на филмското студио „Лајонс гејт“, Џон Филтхајмер.

Греј исто така ќе биде и извршна продуцентка на филмот, кој ќе го режира Џонатан Ливајн.

„Ќе биде токму оној вид на романтичен носталгичен филм кој обожавателите на овој филм го чекаат“, изјави Филтхајмер. Студиото не кажа повеќе инфромации за сценариото нити кој ќе игра во филмот.

Свејзи почина од рак на 57 години во 2009 година. „Валкан танц“ беше хит во киносалите, а доби и Оскар за најдобра песна.