ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ, КЛУНИ И АФЛЕК ЗАЕДНО ЌЕ СНИМААТ ФИЛМ

Лос Анџелес, (НМЕ)

Поранешниот Бетмен, Бен Афлек, ќе ја има главната улога во новиот филм кој ќе го режира Џорџ Клуни, „The Tender Bar“. Филмот е базиран на истоимените мемоари на Џ. Р. Моринџер, американски писател и новинар и добитник на Пулицерова награда.

Филмот првично требаше да го прави „Сони“, но Клуни го презема проектот заедно со „Амазон“.

Афлек и Клуни соработуваа во 2012 година на „Арго“, за кој добија оскар.

Следниот филм на Клуни е научната фантастика „The Midnight Sky“, што го режираше за „Нетфликс“ и ја игра главната улога.