ПО ЛЕДИ ДИ, ЕМА КОРИН ЌЕ ЈА ГЛУМИ ЛЕДИ ЧЕТЕРЛИ

Лондон, (Вараети)

Младата британска актерка Ема Корин се прослави преку ноќ како принцезата Дијана во ТВ-серијата „Круна“, за што доби и Златен глобус, но сега се подготвува за нова улога на историска личност од високото општество. Корин преговара да ја игра главната улога во новиот филм „Љубовникот на Леди Четерли“, адаптација на романот на Д. Х. Лоренс.

Книгата за богатата Леди Четерли, која го изневерува сопругот, првично била објавена во Италија и Франција во 1920-ите, а во САД дури во 1959 откако била оценета како непристојна.

Филмот ќе го режира Лор де Клермон-Тонер, а сценариото го напиша Дејвид Меги („Животот на Пи“).