ПО РЕМЗИ БОЛТОН ВО „ИГРА НА ТРОНОВИ“, РЕОН ЌЕ ГО ГЛУМИ ГИТАРИСТОТ НА „МОТЛИ КРУ“

Лос Анџелес, (Диџитал спај)

Ајван Реон, кој го глумеше Ремзи Болтон во ТВ-серијата „Игра на тронови“, се приклучи на екипата која прави биографски филм за хард рок групата „Мотли кру“.

Според „Холивуд рипортер“, актерот кој се прослави како негативецот Ремзи Болтон е во преговори да го глуми гитаристот Мик Марс, заедно со веќе потврдениот Даглас Бут (Ники Сикс) и Машин Ган Кели (Томи Ли).

Актерот Даниел Вебер, исто така, е во преговори да го игра фронтменот на групата, Винс Нил. Снимањето треба да почне во февруари.

Името на филмот ќе биде „Нечистотија“, според истоимената одлично продавана автобиографија, напишана од Нил Строс. Книгата исклучително искрено зборува за групата, нејзиниот пат до славата во 80-ите години и за тоа како членовите се справувале со зависноста од дроги и со други лични предизвици.

Членовите на „Мотли кру“ ќе бидат копродуценти на филмот.