Во 2015 година имаше шпекулации дека Идрис Елба може да биде следниот Џејмс Бонд, како прв црномурест актер.

Три години подоцна, него сѐ уште го прашуваат дали ќе го игра Бонд со толкава помпа, што тој, конечно, мораше да се огласи. Тој изјави дека е премногу стар за таа улога, дека категорично ја отфрлил улогата, како и дека серијата „Лутер“ е, всушност, неговиот Бонд.

Во новото интервју за „Вараети“, Елба сугерираше дека следниот Бонд треба да биде жена.

„Дали сме заинтересирани да имаме поинаков тип на Бонд? Може да биде жена, може да биде црномуреста жена, може да биде бела жена. Направете нешто поинакво на таа тема. Зошто да не?”, вели Елба.

Во 2016 година, на социјалните мрежи се пишуваше за ѕвездата на „Досие Икс“, Џилијан Андерсон, како за следна Бонд агентка. Таа дури и го одобри потегот и твиташе, користејќи го хаштагот #НекстБонд.

Се споменуваа и Пријанка Чопра и ѕвездата од „Игра на тронови“, Емилија Кларк, кои кажаа дека би сакале да се справат со улогата.

Во меѓувреме, ние сè уште го имаме Даниел Крег, кој се согласи да го одигра британскиот агент уште еднаш.