Мерион Ремзи, американската актерка која се прослави со серијалот „Полициска академија“, почина на 73 години во Лос Анџелес. Нејзиниот агент изјави дека таа била болна некое време, но не ја прецизираше причината за смртта.
Ремзи се здоби со голем број фанови играјќи ја полицајката со пискав глас Лаверн Хукс во еден од најпопуларните комични филмски серијали од 1980-ите. Таа се појави во оваа улога во првите шест филма, снимени од 1984 до 1989 година.
Помалку познато е дека таа имаше и плодна театарска кариера, дебитирајќи на Бродвеј во 1970-ите.