ПОМЕСТЕНИ ПРЕМИЕРИТЕ НА „БЕТМЕН“ И НА ФИЛМОТ ЗА СОПРАНОВИ

Лос Анџелес, (АП)

Филмското студиo „Ворнер брос“ ги одложи кинопремиерите на повеќе филмови, меѓу кои и на „Бетмен“ и на приквелот на серијата „Сопранови“, „Многуте светци на Њуарк“.

Филмот за мафијашкото семејство Сопранови наместо во септември годинава, ќе излезе во март 2021, додека новиот филм за Бетмен со Роберт Патинсон во главната улога се поместува за четири месеци, па премиерата се најавува за октомври 2021.

Голем број студија ги одложија премиерите планирани за пролетва и летово поради затворените продукции и киносали како превенција од ширењето на коронавирусот.

Но, „Ворнер брос“ не се откажува целосно од премиери за ова лето, па така „Тенет“ на Кристофер Нолан е закажан за 17 јули, додека „Вондер Вуман 1984“ беше поместен од јуни за 14 август.