Со проекцијата на „Среќна Нова ’49“ на режисерот Столе Попов, вечерва во киното „АБЦ“ во Приштина започнува Неделата на македонски филм, во организација на Кинотеката на Северна Македонија и Филмскиот центар „Вардар филм“.

На Неделата на македонски филм, што ќе трае до 7 декември, ќе бидат прикажани и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, „Лазар“ на Светозар Ристовски, „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.