Британскиот актер Гери Олдман е познат по темелниот пристап во глумењето, иако изгледа малку претерал играјќи го Винстон Черчил во воената драма „Најтемниот час“.
Не само што 59-годишникот помина низ непрепознатлива физичка трансформација за да го глуми британскиот премиер од Втората светска војна, туку тој, исто така, ја прифати навиката на Черчил да пуши пури за време на снимањето.
Олдман, во новогодишно шоу на „Би-Би-Си“ кажа дека буџетот дека добил никотинско труење за време на снимањето, а буџетот за пури бил поголем отколку што биле платени некои актери.
„Не пушам веќе, но добив никотинско труење. Пушев по 12 пури дневно. Испушив пури за 30.000 фунти за време на снимањето. Една е 50 фунти, а пушев по 12 дневно, па имав стомачни тегоби цели три месеци додека траеше снимањето. За време на божикната пауза, сите си заминаа и украсуваа елки и одеа на шопинг, а јас бев на колоноскопија. Тоа беше мојот божикен подарок“, кажа Олдман во шоуто на Греам Нортон.