Нема ништо лошо во тоа да зацртате во новата година да водите здрав живот.

По обилните празнични трпези диетата т.н. „постење со вода“ е хит кај жените. Но докторите и нутриционистите препорачуваат дека овој режим не само што не е здрав туку е и неефикасен.

Не е ни чудно дека оваа диета е етикетирана како најлоша во светот бидејќи се конзумира само вода со денови. Докторите објаснуваат дека гладувањето со вода не е здраво бидејќи таа не содржи калории, протеини и витамини, кои му се потребни на организмот.

Само за неколку дена откако ќе ја држите оваа диета ќе почувствувате леснотија и еуфорија, но таа многу бргу ќе се замени со чувство на глад, замор, летаргија и потешкотии за концентрација.

Нутриционистите објаснуваат дека брзото губење на килограми ќе трае кратко бидејќи вашето тело нема што да согорува.

Медицинските лица дури оваа диета ја споредуваат со состојба на анорексија.

„Тоа може да биде многу опасно за вашите органи. Луѓето кои се анорексични умираат најчесто од срцев удар. Нивното тело се храни со срцето“, вели Џоан Лабинер, експерт за нарушување на исхраната.

Експертите препорачуваат дека оваа диета не вреди да ја држите, има други многу поздрави начини како да го намалите вишокот на килограми.