Британскиот актер Руперт Еверет вели дека работата на филмот „Среќен принц“, како сценарист, режисер и главен лик била агонија и ја спореди со чинот и болките при раѓање на дете.

Актерот пред 12 години почна да работи на „Среќен принц”, филм за Оскар Вајлд во годините по неговото признание дека е хомосексуалец сѐ до неговата смрт.

„На самиот почеток немав поим дека целиот процес ќе трае 12 години. Праевме еден чекор напред, а потоа два чекори наназад, и тоа беше деморализирачки”, рече актерот, кој стана славен по улогата на геј-пријателот на Џулија Робертс во филмот„Свадбата на мојот пријател“ во 1997 година.

Откако го напишал сценариото и добил понуда од холивудски продуцент, Еверет ја одбил кога дознал дека тој сака Валјд да го глуми Филип Сејмур Хофман.

Бил многу разочаран вели, од сплетките во шоу-бизисот, тогаш заболел и од биполарна болест, но бил одлучен дека сака да го игра ирскиот поет и писател. Седум режисери одбиле да го работат проектот, и на крајот одлучил тој самиот да го режира.

„Беше исцрпувачки, но тоа ме натера да сфатам дека единственото нешто што навистина е вредно денес е одлучноста“, вели актерот.