Еврокомесарот Јоханес Хан по завршувањето на свечената церемонија на потпишување на договорот за решавање на спорот за името ја извади вратоврската. Тој го следеше примерот на премиерот на Македонија Зоран Заев, кој ја извади вратоврската веднаш по потпишувањето и му ја подари на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вообичаено не носи вратоврски.

Хан во Отешево, каде делегациите од двете земји дојдоа на ручек по потпишувањето на договорот во Псарадес (Нивици) на грчката страна од Преспанското Езеро, се појави без вратоврска.

Откако министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот, при честитањето, Заев ја извади црвената вратоврска и му ја подари на Ципрас. Тој подарокот од Заев го стави во џебот од костумот.

Г. ТРПЕНОСКИ