Британскиот режисер Тони Кеј, кој се прослави со „Непозната американска историја“, планира во својот следен филм да му даде главна улога на робот.
Според „Дедлајн“, Кеј ќе ѝ даде предност на вештачката интелигенција во однос на човек во својот нов проект, насловен „Второроден“.
Андроидот ќе биде трениран со разни техники и различни актерски методи и Кеј се надева дека неговиот „актер“ ќе биде земен предвид во сезоната на доделување награди.
Филмот е продолжение на комедијата „Првороден“ со Вал Килмер и Дениз Ричардс во главните улоги, кој беше прва американско-иранска копродукција досега. Тој треба да излезе оваа година.
Кеј ја почна кариерата како режисер на музички спотови, што ги вклучува Џони Кеш и „Ред хот чили пеперс“ и потоа собра одлични критики за своето филмско деби „Непозната американска историја“ во 1998 година.