По Ајрон Мен и Шерлок Холмс, Роберт Дауни Џуниор е новиот Доктор Дулитл.
Дауни ја има насловната улога во последната филмска адаптација на популарниот литературен лик, кој првпат се појави пред 100 години. Авторот Хју Лофтинг напиша 15 книги за Џон Дулитл, доктор кој повеќе ги сака животните од луѓето и зборува со нив на нивни јазик, а првиот филм е снимен во 1967 година. Меѓу актерите кои го глумеа Дулитл е и Еди Марфи.
Едноставно насловен „Дулитл“, филмот требаше да излезе оваа година, но премиерата е поместена за јануари.
Покрај Дауни, во него играат и Том Холанд, Селена Гомез, Рами Малек, Ема Томпсон, Реиф Фајнс, Марион Котијар, Антонио Бандерас, Октавија Спенсер…