РОБЕРТ ПАТИНСОН ПОСТОЈАНО УМИРА ВО ТРЕЈЛЕРОТ ЗА „МИКИ 17“, ПРВИОТ ФИЛМ НА БОНГ ЈУН ХО ПО „ПАРАЗИТ“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

„Ворнер брос“ го објави првиот трејлер за научно-фантастичната комедија „Мики 17“ (Mickey 17), во режија на Кореецот Бонг Јун Хо, неговиот прв филм по триумфот на Оскарите во 2020.

Во главната улога е Роберт Патинсон, чиј лик Мики се обидува да ја колонизира ледената планета Нифлхајм. Мики притоа постојано умира, но неговата компанија одново го клонира. Во актерската екипа се и Тони Колет, Марк Рафало, Стивен Јеун и Наоми Аки.

Заснован врз романот „Мики7“ на Едвард Ештон од 2022, филмот првично требаше да излезе во почетокот на оваа година, но поради ланскиот штрајк во Холивуд, премиерата е одложена за 31 јануари 2025.

„Паразит“, последниот филм на Бонг Јун Хо, освои четири оскари во 2020.