Саша Барон Коен вели дека најверојатно веќе нема да снима филмови со неговиот контроверзен лик Борат. Продолжението на големиот хит од 2006 година излезе непосредно пред претседателските избори во САД во ноември.
„Го вратив Борат само поради Трамп. Филмот си имаше своја цел и не гледам причина повторно да го правам тоа. Така што, може да се каже дека Борат е складиран“, изјави Коен во интервјуто за „Вараети“.
Тој признава дека на снимањето на филмот се нашол во неколку опасни ситуации поради што ја преиспитувал смислата на тоа што го прави.
„Имаше моменти кога се прашував зошто го правам ова. Дури се прашував дали сум луд можеби“, вели тој.