ШУРИ, СЕСТРАТА НА БЛЕК ПАНТЕР, ДОБИВА СВОЈА СЕРИЈА

Лос Анџелес, (АФП)

По светскиот успех со „Блек Пантер“, „Марвел комикс“ најавува самостојна серија за сестрата на суперхеројот, Шури, за која критичарите оценија дека е едно од најпријатните изненадувања во филмот.

Серијата ќе почне да се снима во октомври, а во неа, Блек Пантер ќе се изгуби на мисија во вселената, а Шури ќе мора да го заземе неговото место во нивната земја Ваканда.

„Светот се вљуби во Шури во филмот. Сега, техно-генијот и сестра на Блек Пантер ќе го лансира својот свет со авантури“, вели издавачот.

Британската актерка Летиција Рајт, која е родена во Гвајана, доби големи пофалби за улогата на Шури.

Нигериско-американската писателка на научно-фантастични романи, Ненди Окорафор, ќе го пишува сценариото. Таа веќе работи за „Марвел“ на серијата „Ваканда засекогаш“, која се фокусира на Дора Милајде, единицата на женски специјални сили во измислената нација.

„Блек Пантер“ заработи повеќе од 1,34 милијарди долари, што го става на деветто место на вечната листа.