СИНЕПЛЕКС УТРЕ ГИ ОТВОРА КИНОСАЛИТЕ ПО ШЕСТ И ПОЛ МЕСЕЦИ ПАУЗА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Синеплекс утре повторно ги отвора своите киносали, каде што филмови не се прикажуваа уште од првата половина на март.

Оттаму информираат дека ги спровеле сите предложени протоколи за организирање настани за да се заштитат здравјето на вработените и посетителите.

Во киносалите ќе мора да се носи заштитна маска и да се одржува растојание од еден и пол метар. Купувањето карти ќе биде бесконтактно и посетителите притоа ќе треба да се регистрираат.

Синеплекс на 11 март донесе одлука за откажување на сите проекции.