Мајкл Б. Џордан е во преговори со „Ворнер брос“ да биде нов Супермен, објавија холивудските медиуми. Оваа улога официјално не е слободна, иако уште минатата година се појавија шпекулации дека Хенри Кејвил ќе ја напушти.

Според „Вараети“, 32-годишниот Џордан се сретнал со претставници на „Ворнер брос“ и со режисерот Џеј Џеј Абрамс, додека компанијата се обидува да привлече помодерна публика, а идејата Супермен да биде црн ја гледа како позитивна за универзумот на суперхерои.

Извештаите велат дека следниот филм за Супермен не треба да се очекува пред 2023 година и засега не се избрани ни сценарио, ни режисер. Џордан во меѓувреме ќе биде зафатен со снимањето на „Блек Пантер 2“.

Кејвил последен пат го играше Супермен во „Лига на правдата“ од 2017 година. Во исто време, Џордан со прослави со „Блек Пантер“ и со двата дела на „Крид“.