РЕЖИСЕРОТ НА „ЧУВАРИ НА ГАЛАКСИЈАТА“ ДОБИ ОТКАЗ ПОРАДИ СТАРИ НАВРЕДЛИВИ ТВИТОВИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Џејмс Ган нема да го режира третиот дел на „Чувари на галаксијата“, откако се дозна за негови стари навредливи постови на социјалните мрежи.

Американскиот режисер се извини за стари твитови во кои тој кажува шеги за педофилија и силување, а кои неодамна беа откриени и масовно споделувани, но студиото „Дизни“, сепак, одлучи да му даде отказ.

Навредливите ставови од твитовите на Ган никако не можат да се оправдаат и тие се несоодветни со вредностите на нашето студио. Затоа решивме да ги раскинеме сите деловни врски со него“, стои во соопштението на „Дизни“.

Ган беше сценарист и режисер на првите два филма од франшизата и првиот дел беше еден од најголемите успеси на Марвел, заработувајќи 771 милион долари на кино-благајните глобално.

Се сметав себеси за провокатор и правев филмови и кажував шеги што за многумина беа контроверзни. Но, сега сум многу, многу поразличен човек од оној што бев пред неколку години. Се извинувам ако мојот хумор навредил некого“, се огласи Ган.