Тоби Мегваер и Ендрју Гарфилд ќе му се придружат на Том Холанд во новото продолжение на „Спајдермен“. Британецот Холанд го игра Марвеловиот суперхероj од 2016, следејќи ги стапките на Мегваер и Гарфилд.
Мегваер го играше Питер Паркер во првите три филма од 2002 до 2007, а Гарфилд двапати, во 2012 и 2014 година. „Холивуд рипортер“ објави дека и двајцата ќе ја репризираат улогата, а се враќаат и Алфред Молина и Џејми Фокс, кои беа негативците Доктор Октопус и Електро во претходните филмови.
Кирстен Данст, која ја играше Мери Џејн во првите три филма и Ема Стоун, која се појави како Гвен Стејси во двата филма на Гарфилд, исто така ќе играат во новото, засега неименувано продолжение, чија премиера се најавува за декември 2021.