Филмското студио „Сони“ ја одложи премиерата на вториот дел на „Веном“, насловен „Let There Be Carnage“, за средина на октомври. Поместувањето од речиси еден месец е поради новиот силен бран на заболени од ковид-19.

Новиот филм со Том Харди како Марвеловиот суперхерој премиерно ќе се прикаже на 15 октомври, наместо на 24 септември.

Уште од почетокот на коронакризата холивудските студија постојано ги поместуваат термините за премиери, надевајќи се на побројна кинопублика за есенва. Но, делта сојот на коронавирусот ги зголеми бројките на новозаразени во САД и низ светот, а со тоа порасна и стравот од зараза во киносалите.

Првиот дел на „Веном“ излезе во 2018 и заработи над 850 милиони долари низ светот.