ЦРНОМУРЕСТА АКТЕРКА ПРВПАТ ЌЕ ЈА ИГРА ЅВОНЧИЦА ВО „ПЕТАР ПАН“

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

„Петар Пан“ е следниот римејк на анимирана класика што ќе го прави „Дизни“, кој избра црномуреста актерка за улогата на Ѕвончица.

Дваесетгодишната американска актерка Јара Шахиди ќе ја игра самовилата во филмот насловен „Петар Пан и Венди“, што е следен потег на „Дизни“ во неговите напори да ја подобри различноста. Иако млада, Шахиди зад себе има десетгодишна кариера во Холивуд, а се прослави во серијата „Black-ish“.

Шахиди е прва црномуреста актерка која ќе ја игра Ѕвончица во голема холивудска продукција на „Петар Пан“. Во насловната улога ќе биде анонимниот Александер Молони, додека Џуд Ло ќе биде Капетан Кука.

Приказната за Петар Пан досега е раскажана во многу филмови, но најпозната верзија е анимираниот филм од 1953 година.