УТРЕ ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „КАКО ДА ЈА ДЕФИНИРАШ АРОГАНЦИЈАТА?“ НА НЕБОЈША ИЛИЈЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Документарниот филм „Како да ја дефинираш ароганцијата?“ на Небојша Илијевски утре премиерно ќе се прикаже во кино Фросина во МКЦ (20 часот). Илијевски е сценарист, режисер и монтажер на филмот, а продукцијата е на „Холистик филмс“.

„Ова е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите и бирократијата врз животите на ‘малите луѓе‘, но и за спознанието за моќта на тој ‘мал човек‘, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли и шаблони. Филмот го освестува потенцијалот да живееш место да живуркаш, фокусирајќи се на суштината место на формата“, се вели во најавата на филмот.

Автор на музиката е Бобан Лазовски, Бошко Столиќ и Томислав Георгиев се сниматели, а анимациите се на Ратомир Цениќ.