ВАКАНДА ОТИДЕ ВО ВАШИНГТОН

Вашингтон, (Си-Ен-Ен)

Националниот музеј на американската историја и култура „Смитсонијан“ додаде неколку предмети од блокбастерот „Блек Пантер“ во својата колекција.

Меѓу предметите се вибрирачкиот костим што го носеше главниот актер Чедвик Боузман, книга на снимање со автограми, две страници од почетокот на сценариото и 24 фотографии од процесот на снимањето.

„’Блек Пантер’ ја илустрира прогресијата на црномурестите луѓе во филмот, индустрија која во минатото ги игнорираше. Филмот, како и музејот, дава поцелосна приказна за културата на афроамериканските народ и идентитет”, стои во изјавата на „Смитсонијан“.

„Блек Пантер“ влезе во историјата на повеќе начини. Не само што е еден од филмовите со најголема заработка во Северна Америка, тој, исто така, е првиот суперхерој од африканско потекло, како и првиот филм на Марвел во режија на Афроамериканец, Рајан Куглер.

Од „Смитсонијан“ велат дека сѐ уште се разгледуваат плановите кога и како ќе бидат изложени предметите од филмот.