МЕЛАНИЈА И РАНИЈА – ДАМИ ВО РОЗОВО

Вашингтон, (Дејли мејл)

Доналд и Меланија Трамп поставија црвен тепих пред Белата куќа, за да ја пречекаат јорданската кралска двојка, кралот Абдула и кралицата Ранија.

Тие се во четиридневна посета на САД, една недела откако Белата куќа ја посети и шпанската кралска двојка.

Двете љубителки на висока мода, Меланија и Ранија избраа фустани со речиси идентична боја за својата чајанка, додека нивните сопрузи разговараа за проблемите на Блискиот Исток.

(Фото: Ројтерс)

Тие се решија за нијанси на розово на топол, сончев ден во Вашингтон, при што првата дама на САД носеше фустан на њујоршката модна куќа „Проенца Шулер“, кој чини 3.950 долари.

„Голема чест е што ги имаме кралот и кралицата на Јордан во Белата куќа. Тие се наши пријатели. Ние се познаваме веќе некое време. Тој го употреби зборот понизен во знак на почит кон мене и тоа е веројатно најубавиот комплимент што сум го добил по долго време“, кажа Трамп.