ВО ИЗБОРОТ НА НАЈЛОШОТО ВО ХОЛИВУД, „ПЛАТЕНИЦИ 4“ ДОБИ СЕДУМ НОМИНАЦИИ ЗА ЗЛАТНА МАЛИНА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Додека се чекаат номинациите за Оскар, објавени се номинациите за најлошото во Холивуд за изминатата година. Четвртиот дел на акциониот серијал на Силвестер Сталоне „Платеници“ (The Expendables) доби најмногу номинации за Златна малина – седум.

Покрај „Платеници 4“, за најлош филм ќе конкурираат и „Истерувач на ѓаволот: Верник“, „Мег 2: Патување во длабочините“, „Шазам! Бес на боговите“ и „Вини Пу: Крв и мед“.

За најлош актер се номинирани Расел Кроу, Вин Дизел, Крис Еванс, Џејсон Стејтам и Џон Војт, а за најлоша актерка Ана де Армас, Меган Фокс, Салма Хајек, Џенифер Лопес и Хелен Мирен.

Сталоне е меѓу актерите номинирани за најлоша споредна улога, што му е веќе 16. номинација во кариерата, додека во две актерски категории се најдоа Фокс, Де Армас, Еванс и Хајек.

Хорорите „Истерувач на ѓаволот: Верник“ и „Вини Пу: Крв и мед“ имаат по пет номинации.