ВО КИНАТА ВО САД ЌЕ СЕ ОДИ СО МАСКА, ПРВАТА ПРЕМИЕРА Е НА „МУЛАН“ НА 24 ЈУЛИ

Лос Анџелес, (Лос Анџелес тајмс)
Disney's MULAN..Xianniang (Gong Li)..Photo: Film Frame..© 2019 Disney Enterprises, Inc. All Rights Reserved.

Публиката ќе мора да носи маска во киносалите на најголемиот американски ланец на кина „Еј-Ем-Си“, кој планира да почне со работа на 15 јули, соопшти компанијата.

Околу 450 киносали низ целата земја беа затворени во март поради пандемијата на коронавирусот и се очекува да почнат да работат следниот месец, а останатите 200 во наредните неколку месеци. На почетокот ќе се прикажуваат само стари филмови, а постепеното враќање на вообичаениот формат ќе се случи во следните 10 дена. Првата премиера се најавува за 24 јули, на „Мулан“, во продукција на „Дизни“.

За да се спречи ширењето на заразата, бројот на местата ќе биде намален за 30 отсто, паузите меѓу проекциите ќе траат подолго, а дезинфекција на просториите ќе се врши неколку пати на ден. Ќе се служат само пуканки и безалкохолни пијалаци, а персоналот ќе мора да носи маска и ракавици.