ВО НОВАТА ФИЛМСКА ВЕРЗИЈА НА „СНЕЖАНА“ СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА СЕ ЗАМЕНЕТИ СО МАГИЧНИ СУШТЕСТВА

Лос Анџелес, (Вараети)

Во новата филмска адаптација на „Снежана“, што ја прави „Дизни“, седумте џуџиња се заменети со „магични суштества“. Првите фотографии од снимањето го прикажуваат насловниот лик (Рејџел Зеглер) во придружба на суштества кои се со различен пол, височина и етникум.

Дизни“ претходно најави дека ќе ги замени џуџињата со „магични суштества“ за да се избегне зајакнувањето на стереотипите.

Во филмот исто така нема да го има принцот, туку ќе се фокусира на „посилната“ Снежана која сака да биде лидер.

Зеглер, која има латино потекло, што е уште едно отстапување од оригиналот, ги отфрли критиките дека филмот се обидува да биде политички коректен, сметајќи дека на приказната ѝ треба освежување.

Филмот „Снежана“, во кој лошата кралица ја игра Гал Гадот, треба да излезе во март 2024.