Повеќето од она што се гледа во „Црниот Пантер“ е измислено, вклучувајќи ја и земјата во којашто се одвива дејството.
Но, во Ваканда се зборува јазик што навистина постои.
„Тие звуци не се шега“, вели актерката Лупита Нјонго, нарекувајќи го исикоса „еден од најтешките јазици на светот“.
Идејата во филмот да се користи исикоса, еден од 11-те официјални јазици во Јужна Африка, дојде од јужноафриканскиот актер Џон Кани, кој го игра таткото на кралот Тчала (Чедвик Боузмен).
Во екот на големата популарност на „Црниот Пантер“, дури и 86-годишниот нобеловец за мир Дезмонд Туту се пофали на Твитер дека неговиот мајчин јазик е исикоса.
„Не сум импресиониран како зборуваат актерите, но барем се потрудија“, кажа домашната ТВ-ѕвезда Блу Мбомбо по премиерата на филмот на Јоханезбург.