„Ворнер брос“ ќе прави аниме филм заснован на популарната трилогија на Толкин, „Господар на прстените“. „The Lord of the Rings: The War of the Rohirrim“ ќе ја раскаже приказната за славната битка која ја обликуваше Средната Земја во годините што му претстојат на дејството на филмот од 2001.
Јапонецот Кенџи Камијама ќе го режира филмот, а датумот на премиерата засега не е објавен.
„Ворнер брос“ беше дистрибутер на трилогиите „Господар на прстените“ и „Хобит“. Шесте филмови заработија речиси шест милијарди долари низ светот.
„Амазон“, пак, работи на телевизиска серија „Господар на прстените“, која се снима на Нов Зеланд и се најавува како најскапа во историјата.