„ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА“ ЌЕ ИГРА ВО КИНОТЕКАТА ПО ПОВОД 40 ГОДИНИ ОД ПРЕМИЕРАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот американски филм „Враќање во иднината“ со Мајкл Џеј Фокс ќе игра во Кинотеката на Македонија на 1 и 3 март од 20 часот по повод 40 години од неговата премиера.

„Враќање во иднината“ е научнофантастичен филм во режија на Роберт Земекис кој комбинира акција, комедија и авантура. Филмот се смета за ремек-дело на 1980-тите. 

Откако се враќаат во 1985, Док му открива на Марти дека мора да отпатуваат во 2015 година за да ја спречат катастрофалната иднина за неговото семејство. Меѓутоа, нивното патување создава неочекувани последици.

Во Кинотеката во март ќе играат и двата дела на „Гладијатор“, „Црна Марија“, „И Бог ја создаде жената“, „Јазол“ и други. Целосната програмата е достапна ТУКА. Билетите чинат 150 денари.