„ЈАХУ“ ПОТВРДИ ДЕКА СИТЕ ТРИ МИЛИЈАРДИ ПРОФИЛИ БИЛЕ ХАКИРАНИ ВО 2013 ГОДИНА

Сите три милијарди профили на „Јаху“ биле доведени во ризик при големиот хакерски напад во 2013 година, соопшти компанијата, зголемувајќи ја првичната бројка за трипати.

Тоа е и вкупната бројка профили на „Јаху“, која ги измени податоците, откако во декември објави дека имало упад во личните податоци на над една милијарда корисници. Тоа вклучува имиња, телефонски броеви и и-мејл адреси, но не и податоци од кредитни картички и банкарски сметки, кои не биле загрозени.

„Веризон“, американскиот комуникациски гигант кој го презеде „Јаху“ во почетокот на годината, потврди дека „сите профили кои постоеле во август 2013 година биле загрозени со хакерскиот напад“.

Компанијата не навести кој би можел да стои зад нападот.

„Јаху“ беше цел на напад и во септември 2016 година, кога имало упад во профили на 500.000 корисници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *