ФОТОГРАФ СИ ГО ВРАТИ ИЗГУБЕНИОТ АПАРАТ СО КАМПАЊА НА ФЕЈСБУК ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО МУ ПАДНА ВО РЕКА

Лондон, (Хафингтон пост)

Чарли Дејвидсон го изгуби својот фотоапарат Никон за време на долго фотографирање на реката Етив во Шкотска на денот на Нова Година во 2016.

По неколку месеци, во октомври 2017, професионалниот фотограф Питер Сандроунд го најде апаратот меѓу камењата околу еден километар подолу по реката.

Иако апаратот бил доста оштетен, мемориската карта сè уште функционирала и тој успеал да спаси неколку слики.

„Во октомври излегов на реката Етив и сместувајќи ја опремата за да сликам, погледнав долу по камењата и видов скршен Никон“, објаснуваше Питер.

„Откако го земав, забележав дека мемориската карта беше речиси недопрена и одлучив да ја разгледам подоцна.“

Така, со помош на експерти за технологија, тој спаси неколку слики на Дејвидсон, кои беа направени на 31 декември 2016.

Питер изјави дека „овие фотографии биле направени од некој кој добро си ја знаел работата и знаел да маневрира со природната светлина и длабочина на терен.

„Тие се прекрасни слики за кои што сигурно некој многу се потрудил да ги направи“.

По оваа случка, Питер одлучи да ги објави сликите на неговата Фејсбук страница.

Тој успеа да го најде Чарли откако сликите се споделија на социјалната платформа и шкотската мрежа на фотографи полни 1,255 пати.

Чарли, кој инаку е инженер во нафтена индустрија во Абердин, рече дека апаратот му паднал во реката, а тој не можел да ја фати од брзината на падот.

„Навистина сум зачуден како Питер успеа да ме најде. Навистина е прекрасен гест од негова страна особено тие позитивни коментари за моите изгубени слики кои тој ги пронајде. Инаку, јас сум само аматер со голема страст.“