ГАЛ ГАДОТ ПОСЕТИ ДЕТСКА БОЛНИЦА ВО ПОЛНА ОПРЕМА НА ЧУДЕСНА ЖЕНА

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Гал Гадот насмеа многу лица кога во полна опрема на Чудесна Жена се појави во една детска болница.

Израелската актерка, која во моментов го снима продолжението на еден од најголемите хитови за минатата година, ја посети болницата во Анандејл, Вирџинија, облечена во добро познат костим, на огромна радост и на вработените и на малите пациенти.

(Фото: Твитер)

„Ти благодариме Гал што ја посети нашата болница. Ти си вистинска чудесна жена. На децата многу им се допадна, а и на нас“, напишаа од болницата на Твитер.

Продукцијата на „Чудесна Жена 1984“ е веќе почната и во филмот повторно соработуваат Гадот, Крис Пајн и режисерката Пети Џенкинс. Неговата премиера е закажана за 1 ноември 2019 година.