ГЕРЕТ БЕЈЛ СЕ ВРАЌА ВО ТОТЕНХЕМ ОТКАКО РЕАЛ СЕ СОГЛАСИЛ ДА ПЛАЌА ДЕЛ ОД НЕГОВАТА НЕДЕЛНА ПЛАТА ОД 600.000 ФУНТИ

Лондон, (Гардијан)

Герет Бејл по седум години се враќа во клубот од каде што го направи тогаш најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Триесет и едногодишниот Велшанец конечно го напушта Реал Мадрид, каде што веќе некое време не беше посакуван и повторно ќе го облече дресот на Тотенхем, сега како позајмен играч.

Бејл четири пати ја освои Лигата на шампионите и постигна над 100 голови откако премина во Реал во 2013 година за 85 милиони фунти, сума која тогаш беше светски рекорд. Според договорот, Реал ќе продолжи да плаќа дел од огромната неделна плата на Бејл од 600.000 фунти, која досега се истакнуваше како најголемата пречка за негово заминување. Тој утре треба да допатува во Лондон.

„Преговорите бавно напредуваат, но Герет е поблиску до заминување од Реал од кога било“, изјави неговиот менаџер Џонатан Барнет.