ГОСТИ ОД ЕВРОПА ДОЈДОА НА ТАТУ ФЕСТ ВО СКОПЈЕ СО ТЕТОВИРАЊЕ ВО ЖИВО И СТРИПТИЗ ТОЧКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од педесет тату мајстори од 15 земји тетовираа во живо на Скопје тату фест, кој на 12 и на 13 октомри се одржуваше во „Скопје ивент центар“.

Освен тату мајсторите од Македонија, беа дојдени и гости од поранешните југословенски републики, Бугарија, Романија, Грција, Америка и други земји. На настанот дојдоа да се тетовираат и гости од цела Европа.

Дел од фестивалот беа и стриптиз точките (Фото: К.Попов)

„Во момнетов работам со клиент од Германија. Го запознав на едно патување, затоа што често одам на тату фестивалите низ Европа. Знаеше дека ќе работам денес и дојде во Скопје.

Тату мајсторите цртаа и на коли (Фото: К.Попов)

Љубителите на тетоважите следат кога во која земја има вакви настани, и доаѓаат да се тетовираат“, ни рече тату мајсторот Иван Митаноски од Охрид кој тетовира шест години и работи кај познатиот скопски тату мајстор Горан Миќиќ.

Тату мајсторот Иван Митаноски тетовираше гостин од Германија (Фото: СМАРТ.СДК.МК)

На фестивалот се цртаа традиционални тетоважи и се покажаа авангардни и модерни стилови на техника. Дел од програмата беа стриптиз точки, работилници, панел дискусии, настапи на диџеи и на крајот, доделување награди за најсуспешните.

М. ЏАРОВСКА