Кога Михаел Шумахер се повлече од Формула 1 патеките во 2012 година, се веруваше дека неговите рекорди ќе бидат недостижни.
Луис Хамилтон сега е на прагот да стане најуспешниот возач во историјата на Формула 1, откако викендов во Португалија ја оствари својата 92. победа, надминувајќи го 14 години стариот рекорд на Шумахер. Во уште една сезона во која што нема вистинска конкуренција, Хамилтон ита кон седмата шампионска титула, што ќе биде израмнување на најпрестижниот од сите рекорди на германскиот ас.
„Ова ги надминува сите мои најлуди сништа. Немав кристална топка кога решив да дојдам во Мерцедес, тимот кој постојано напредуваше и ме туркаше напред. Ова е навистина посебен ден и ќе ми треба време да се соземам“, изјави Хамилтон.
Со помалку извозени трки, тој успеа да го надмине Шумахер во сите главни категории:
- Стартови: Хамилтон 262, Шумахер 306
- Број на сезони: Хамилтон 14, Шумахер 19
- Светски титули: Хамилтон 6, Шумахер 7
- Победи: Хамилтон 92, Шумахер 91
- Пол-позиции: Хамилтон 97, Шумахер 68
- Подиуми: Хамилтон 161, Шумахер 155
- Втори места: Хамилтон 40, Шумахер 43
- Трети места: Хамилтон 29, Шумахер 21