ХАРИ И МЕГАН ОДБРАА ЦВЕТЕН ДИЗАЈНЕР ЗА СВАДБАТА

Лондон, (ДПА)

Принцот Хари и Меган Маркл ја одбраа Филипа Кредок за цветен дизајнер за нивната свадба на 19 мај, соопшти палатата Кенсингтон.

Кредок ќе раководи со тим, во кој се вклучени и цвеќарите од капелата Сент Џорџ и од Бакингамската палата, што ќе ги направи цветните креации за свадбената церемонија, која ќе се одржи во замокот Виндзор. Цветниот аранжман во капелата Сент Џорџ ќе се прави од локално зеленило и поголем дел од него ќе биде земен од градината и од големиот парк во Виндзор.

Најверојатно, таа ќе користи цвеќиња и растенија кои се сезонски и природно цутат во мај. Тоа ќе вклучува гранчиња од бука, бреза и габер, бели градинарски рози и боровинки. Маркл кажа дека нејзиното омилено цвеќе е божур.

Свадбената торта, што ќе ја прави слаткарница од Источен Лондон, исто така, ќе биде украсена со свежи пролетни цветови.